Промоција на романите „Белграѓанки“ и „PR“
Вечерва, во кафе барот, винотека и библиотека „Децата од нашата улица“, со почеток од 20.00 часот, ќе се одржи промоцијата на романите „Белграѓанки“ од Игор Маројевиќ и „PR“ од Александар Илиќ (во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации) и средба со авторите. Промотор на настанот ќе биде Александар Прокопиев. Промоција на романите „Белграѓанки“ и...
Арс Ламина и Literatura.mk на Саемот на книгата 2015
Над 300 нови наслови, големи саемски намалувања, промоции и средби со реномирани автори, креативни работилници, проекции, конкурс за краток хумористичен расказ, многу настани и забава, награди и подароци – ова е само дел од она што годинава Арс Ламина публикации ќе го понуди на својот штанд на Саемот на книгата. Љубителите на добрата книга знаат дека...
Јас сум Малала и ова е мојата приказна
Малала – девојчето кое што се бореше за образование и беше застрелано од Талибанците. Малала Јусафсај (17) е и најмладиот добитник на Нобелова награда за мир. Доаѓам од земја што беше создадена на полноќ. Во моментот кога за малку ќе умрев, само што беше минало пладне. Кога Талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас....
Михаел Шумахер: Врвот на величественоста
Можете да го сакате или да го мразите – но статистиката зборува во негово име: седумкратен Формула 1 шампион, рекордна 91 гран-при победа, единствен возач во историјата што во една сезона (2002) не завршил ниту една трка под третото место. Накратко: уште пред четириесеттата година од својот живот, Михаел Шумахер е една од најголемите легенди...
Кинотека: „Стогодишникот…“ книга и филм
Утре вечер, во Кинотека на Македонија во 20 часот, за време на премиерата на филмот „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“, специјален попуст на книгата на Јонас Јонасон според која е направен филмот.
Денови на правната литература
Службен весник на РМ и Арс Ламина во заедничка акција ЈП Службен весник на РМ, во соработка со Арс Ламина публикации, а во пресрет на претстојниот Саем на книгата, организираат заедничка акција за промоција на правната литература под наслов „Денови на правната литература“. Акцијата ќе се одржи од 20 до 24 април 2015 година...
Гледај тенис, купи си книга
Спортскиот центар Јане Сандански во соработка со Македонската Тениска Федерација го организираат овогодинешното отворено првенство на Македонија во “зелен тенис” на кое ќе учествуваат девојчиња и момчиња до 11 години. За времетраењето на турнирот ќе биде овозможена продажба на двете книги за Новак Ѓоковиќ: “Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија” и “Сервирај за победа“. ...
Галерија: Трибина „ СМРТТА ЗБОРУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ“
На 15 април 2015 година во Менада се одржа трибина посветена на неодамна починатиот писател Тери Прачет, насловена „СМРТТА ЗБОРУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ“. Тери Прачет, кој почина на 12 март годинава, е најпознат по епското дело – хумористично-фантастичниот серијал „Дисксвет“.
СМРТТА ЗБОРУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ
На 15 април 2015 година во Менада во Скопје ќе се одржи трибина посветена на неодамна починатиот култен писател Тери Прачет.
Приказна за љубовта, гревовите и тајните
„Невини“ на Бурхан Сонмез ја раскажува приказната за двајца млади, дојденци од различни земји, кои случајно се сретнуваат во една продавница во Кембриџ: Брани Таво, Курд, политички бегалец од Турција, и Ферузе, пребегната во Белика Британија од Иран за време на тамошната револуција. И двајцата имаат свои тајни и гревови.
Краткиот чудесен живот на Оскар Вао
„Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ на Џуно Диаз е роман – добитник на Пулицеровата награда за проза и е прогласен за најдобриот роман на 21. век досега, според анкета на BBC спроведена кај најреномираните американски книжевни критичари
БЕЛГРАЃАНКИ – книга за поинаквите жени
Во приказните во „Белграѓанки“ на читателите им се претставуваат поинакви девојки, жени, пријателки, мајки и љубовници. Сите тие заедно како белграѓанки, но и секоја за себе, ни откриваат чудни ликови од велеградското милје, какво што, на прв поглед можеби не забележуваме.



