Подарок за денот на љубовта и виното
Одберете подарок за денот на љубовта и виното: – бестселерот „Нека снежи“ со трите романтични приказни на Џон Грин, најпродаваниот автор на денешницата, заедно со Лорин Миракл и Морин Џонсон – тинејџерските љубовни романи, бестселери на листата на Њујорк Тајмс – „Делириум“ и „Пандемониум“
„Ноќна шума“ на Џуна Барнс
„Ноќна шума“, најпознатото дело на енигматичната Џуна Барнс, e еден од најраните романи од реномиран автор во кои експлицитно се обработува хомосексуалната љубов.
Што ако љубовта беше болест?
Бестселерите „Делириум“ и „Пандемониум“ се прогласени за едни од најдобрите тинејџерски романи на сите времиња и се споредуваат со „Игри на гладта“ (Hunger Games). Моќниот дистописки роман на Лорен Оливер – „Делириум“ (првиот дел од трилогијата „Делириум“) претставува свет страшен како Орвеловата „1984“ и една забранета романса споредлива со онаа на Ромео и Јулија. „Делириум“ е најпродавана...
Наскоро: „Нека снежи“
Наскоро на Литература.мк: „Нека снежи“ – на листата на најпродавани наслови на Њујорк Тајмс! Три романси од Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл
Најпродавани наслови во 2014 година
2014-тата година за нас беше без сомнение година на многу нови и успешни приказни. Од почетокот на годината, па до овој момент издадовме преку 400 нови наслови, како од областа на белетристиката, така и од стручната литература.
Нов наслов во едиција Лауреати: „Времето на жените“ од Елена Чижова
Во Мртви души, Гогољ пишува дека постојат некои мали нешта што се чинат мали само кога ќе станат дел од книжевно дело; вон него – изгледаат небаре се најважни на светот. И буквално и симболично, Времето на жените на Елена Чижова како да го тврди спротивното: постојат некои мали (намерно и немарно нарекувани) женски нешта – лупењето кромид,...
Новогодишни попусти на Литература.мк
Подарок за Нова година за саканиот, саканата, мама и тато, баба и дедо, дада и бато :)… Многу подароци, многу дилеми. Но кога е книга во прашање, најчесто нема утка. Новогодишните попусти на Литература.мк се во тек! Одберете книга за подарок за најмилите или за себе :).
Имаме блог, а имаме и награда!
Пред некое време на фејсбук и на твитер напишавме: имаме блог! Тоа беше пред само неколку месеци, поточно на средината на септември. На крајот на годината, покрај сите други убави работи, можеме да напишеме и – имаме награда! Blog.literatura.mk го освои третото место во категоријата најдобар блог на манифестацијата сајт на годината 2014, вест што...
Конечно! Водич за почетници по бебе-технологија!
Книгата, или поточно прирачникот „Бебе – упатство за употреба“е наменет за татковците-почетници – да ги поучи, насмее и да им се обрати на јазикот кој тие го разбираат, со типични „машки“ паралели и термини. Од неговото деби во 2003 година па сè до денес, овој прирачник е преведен на повеќе од 25 јазици и продадени...
„Харемот на Гадафи“ ексклузивно со Вест
„Харемот на Гадафи“ – дел од нова едиција на Литература.мк Од петок, 14 ноември, Литература.мк и Вест ќе ја престават новата едиција со наслов „Женски исповеди – Тајниот живот на лидерите“, достапна ексклузивно со Вест, со доплата од само 200 денари во продажните места на МПМ.
Книги и мода – совршен пар!
Арс Либрис и Литература.мк – дел од овогодинешниот FWSK Зошто книги и мода, или книги и стил? Затоа што, според нас, книгите се исто толку битни за градењето на стилот како што е тоа и облеката – едното те оформува однадвор, а другото однатре :). Арс Либрис катчето на FWSK ќе можете да...
Ричард Фланеган добитник на Букеровата награда
Овогодинешниот добитник на најпрестижното книжевно признание на светот – Букеровата награда (Man Booker Prize 2014) е Австралиецот, или поточно Тасманиецот Ричард Фланеган, за неговиот епски роман „Тесниот пат кон длабокиот север“ (The Narrow Road to the Deep North). Ова е шести роман на Фланеган и е дело со епски размери, кое ја раскажува приказната...



