Најдобрите книги за 2015 година според Гудридс
Наградите според изборот на Гудридс, светски познатата веб-страница наменета за љубители на книги која брои 40 милиони членови се единствените големи награди за книги што се избрани од читателите. Ова е нивниот избор за најдобрите на годината! Фикција: Go set a watchman, Harper Lee / Оди постави стражар, од Харпер Ли Мошне очекуваниот роман на Харпер Ли за кој сите зборуваат...
Извадок: „Книга за телото“ од Камерон Дијаз со Сандра Барк
Кога зборувам за храна заради прехранување и јадење добра храна, јадење вистинска храна и јадење необработена храна, зборувам за храна што расте на Земјата или се одржува на Земјата и не е технолошки третирана. Како? Со избегнување брза и обработена храна. Со избирање зрна, зеленчук и овошје, кои се што е можно поблизу до земјата...
„Книга за телото“ од Камерон Дијаз
Во „Книга за телото“, број еден бестселер на Њујорк Тајмс, Камерон Дијаз ја споделува сопствената формула како да се биде поздрава, посилна и посреќна личност. Ги презентира пристапот и филозофијата за долг, здрав и среќен живот, поддржани од многубројни научни истражувања на светските експерти, а пренесени на нејзин личен јазик, стил и страст. Актерката служи...
Извадок: „Уличниот мачор Боб“ од Џејмс Бовен
Морав да го носам на ветеринар. Знаев дека моите импровизирани лекови нема да бидат доволни за да се излекува раната. И немав поим какви други здравствени проблеми може да има. Не сакав да ризикувам и да чекам, па одлучив да станам рано следното утро да го однесам во најблискиот центар за незгрижени животни, на другиот...
„Уличниот мачор Боб“ ќе добие филмска адаптација
Бестселер автобиографијата за бездомниот уличен пејач Џејмс Бовен, во која тој раскажува за своето опоравување од зависноста со помош од еден напуштен мачор, ќе добие филмска адаптација. Тоа беше приказна со мошне скромен почеток, приказна за патот до опоравувањето на еден човек од бездомништвото и зависноста со еден напуштен мачор за пријател до себе. Сега,...
Извадок: „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут
Имаше две нешта во животот што можеа да ме извадат од памет. Едната беше да се разбудам среде ноќ и пред себе да видам дух внесен со своето проѕирно лице кон моето. Не е баш многу веројатно да се случи, а сепак прилично бизарно да се помисли. Втората работа беше да задоцнам и да треба...
„Арс Либрис“ и „Либи“ на саемот на книгата, Кочани 2015
Во рамките на одбележувањето на месецот на книгата, Јавната општинска установа библиотека „Искра“ – Кочани го организира традиционалниот есенски продажен „10. Саем на книгата – Кочани 2015“, како понуда на најнови наслови на книги од повеќе издавачки куќи до љубителите на пишуваниот збор во општината Кочани. Издавачката куќа „Арс Ламина“, со своите импринти „Арс Либрис“...
Ново од Арс Либрис: Најчитаната љубовна романса „Те чекам“
За некои работи вреди да се бориш… Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така. Наеднаш, Камерон е насекаде околу...
Забавна книга за сите возрасти
„Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ на Јонас Јонасон Приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на кое ќе го заврши својот век, добива свој заплет кога стариот присвојува еден куфер од еден криминалец. Тоа ќе...
Некои приказни живеат засекогаш
Најново од Арс Либрис: „Раскажувачката“ од Џоди Пико Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран наставник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива… И тогаш започнува...
Дали вистинската љубов може да промени еден маж?
„Проектот Роузи“ од Грем Симсион Запознајте го Дон Тилман, брилијантен професор по генетика, но асоцијален човек, кој одлучил дека е време да си најде сопруга. Така, на уреден начин базиран на докази, на кој што Дон пристапува кон сите нешта, тој го дизајнира „Проектот-Сопруга“ за да ја пронајде совршената партнерка. Проектот претставува научно-валидна анкета,...
Ричард Бренсон со свои зборови за својот живот и за личната филозофија на живеење
Излезе од печат македонското издание на автобиографијата на Ричард Бренсон – вистинска и возбудлива приказна на претприемачот зад империјата „Вирџин“. Кога станува збор за бизнисот, но и за другите нешта, сер Ричард Бренсон има едноставна филозофија: забавувај се најмногу што можеш – дури и ако тоа бара да ги прекршиш сите правила. Тоа е таа филозофија заради...



