Книгите ме одбираат мене, а не јас нив
Моја библиотека: Ана Зафирова Ана Зафирова ја знаеме како долгогодишен новинар и радио и ТВ водител, но она што дефинитивно најмногу ќе остане запаметено, барем кај жителите на Скопје, е емисијата „Врти Сучи тоа ти е Скопје“ – една урбана, неформална емисија во која се свртеа сите градски ликови :).
„Quo Vadis“ ми е првата катарза
Моја библиотека: Румена Бужаровска Писателка, професорка, борец за човекови (и женски права), девојка од „град“ и умница уште од многу мала :). Неколку зборови што само донекаде се трудат да ја доловат Румена Бужаровска, која деновиве ја промовираше својата трета збирка раскази „Мојот маж“ (едно многу фино заокружување на „Чкртки“ и „Осмица“).



