Сакав да ги раскажам приказните од моето минато
Интервју со турскиот писател Бурхан Сонмез, авторот на „Невини“ Многу мали приказни сочинуваат една голема што се случува помеѓу Турција и Кембриџ (Обединетото Кралство) во која се испреплетени спомени и прогонства. Бурхан Сонмез е млад турски писател којшто со години е присилен да живее во егзил во Кембриџ, Англија, поради политички причини.
Приказна за љубовта, гревовите и тајните
„Невини“ на Бурхан Сонмез ја раскажува приказната за двајца млади, дојденци од различни земји, кои случајно се сретнуваат во една продавница во Кембриџ: Брани Таво, Курд, политички бегалец од Турција, и Ферузе, пребегната во Белика Британија од Иран за време на тамошната револуција. И двајцата имаат свои тајни и гревови.
БЕЛГРАЃАНКИ – книга за поинаквите жени
Во приказните во „Белграѓанки“ на читателите им се претставуваат поинакви девојки, жени, пријателки, мајки и љубовници. Сите тие заедно како белграѓанки, но и секоја за себе, ни откриваат чудни ликови од велеградското милје, какво што, на прв поглед можеби не забележуваме.
Книгите ме одбираат мене, а не јас нив
Моја библиотека: Ана Зафирова Ана Зафирова ја знаеме како долгогодишен новинар и радио и ТВ водител, но она што дефинитивно најмногу ќе остане запаметено, барем кај жителите на Скопје, е емисијата „Врти Сучи тоа ти е Скопје“ – една урбана, неформална емисија во која се свртеа сите градски ликови :).
Галерија: Промоција на романот „Што сонуваше Дедо Мраз“
На 30 декември 2014, во Бугати бистро во Скопје Сити Мол и во новогодишна атмосфера, ја одржавме промоцијата на романот за деца „Што сонуваше Дедо Мраз“ на Билјана С. Црвенковска.
Извадок: ЈАВАЧ НА КИТОВИ од Вити Ихимаера
Излеговме од автопатот и се упативме кон патот за Вангара. Беше толку темно што морав да ги вклучам фаровите до максимум. Го погледнав осветлениот облак. Имав некое чудно чувство дека неговиот центар е точно над селото. Почувствував наплив на страв и ми олесни кога Вангара ни беше во видик.
Промоција на романот „Што сонуваше Дедо Мраз“
По повод претстојните новогодишни празници, а во рамки на брендот за детска литература Либи, го промовираме и романот за деца „Што сонуваше Дедо Мраз“ од Билјана С. Црвенковска.
Книга е супер подарок!
…Особено кога можеш да најдеш баш за секого по нешто :). И за најмилите малечки, и за поголемките, и за откачените тинејџери, за љубителите на спортот, за вистинските книжевни сладокусци, за татковците, мајките, бабите и дедовците…
Новогодишни попусти на Литература.мк
Подарок за Нова година за саканиот, саканата, мама и тато, баба и дедо, дада и бато :)… Многу подароци, многу дилеми. Но кога е книга во прашање, најчесто нема утка. Новогодишните попусти на Литература.мк се во тек! Одберете книга за подарок за најмилите или за себе :).
Пишувањето е прекрасна и ужасна работа
Гудридс интервју со Стивен Кинг по повод неговиот најнов роман „Оживување“ Последниот роман на Стивен Кинг „Оживување“ (Revival), го обележува враќањето на екстремно натприродниот хорор со кој се прослави авторот на повеќе од 50-те глобални бестселери- вклучувајќи ги и „Сјаење“ (The Shining), „Гробишта за домашни миленици“ (Pet Sematary) и Тоа (It).
„Quo Vadis“ ми е првата катарза
Моја библиотека: Румена Бужаровска Писателка, професорка, борец за човекови (и женски права), девојка од „град“ и умница уште од многу мала :). Неколку зборови што само донекаде се трудат да ја доловат Румена Бужаровска, која деновиве ја промовираше својата трета збирка раскази „Мојот маж“ (едно многу фино заокружување на „Чкртки“ и „Осмица“).
„Мајсторот и Маргарита“ ми отвори цел еден универзум
Моја библиотека: Срѓан Јаниќијевиќ Режисер, сценарист, актер, музичар, уметник, Ди-Џеј… најверојатно има уште многу работи со кои се занимава, а не се на оваа листа. Покрај тоа, за Срѓан Јаниќијевиќ можеме слободно да кажеме дека е еден од малкуте ликови што биле директно инволвирани во создавањето на урбаната култура во Скопје.



