На 15 април 2015 година во Менада се одржа трибина посветена на неодамна починатиот писател Тери Прачет, насловена „СМРТТА ЗБОРУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ“. Тери Прачет, кој почина на 12 март годинава, е најпознат по епското дело – хумористично-фантастичниот серијал „Дисксвет“.