13 најчитани книги на литература.мк

13 најчитани книги на литература.мк

Ова се најчитаните книги за ова лето според корисниците на литература.мк Нултиот број – Умберто Еко Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство...
150 години од раѓањето на Беатрикс Потер

150 години од раѓањето на Беатрикс Потер

Во 2016 година се обележува 150-годишнината од раѓањето на Беатрикс Потер, една од најсаканите авторки за деца во светот, која го одземаше нашето внимание повеќе од сто години со нејзините прекрасно илустрирани приказни! Неверојатниот живот на Беатрикс Потер го прославуваме преку изданија на македонски јазик од нејзините приказни како дел...
Буенос Аирес – светската престолнина на книжарниците

Буенос Аирес – светската престолнина на книжарниците

Со 734 книжарници, Буенос Аирес има повеќе книжарници по човек од кој било друг град во светот, со што стекнува углед на метропола посветена на книжевноста. Буенос Аирес, престолнината на Аргентина, е сведок на многу политички настани, превирања, масовни имиграциски бранови кон крајот на 19 и почетокот на 20 век,...
На приказните им треба приказна

На приказните им треба приказна

Истрајна, посветена и издржлива, карактеристики што ѝ овозможија пред повеќе од десет години да ги отвори патиштата на односите со јавност, но и да ги реализира идеите на „Браво сине“ – движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ. Правната литература ја замени со комуникациската зад која не заостануваат класиците и...
Лето за безвременските приказни од едицијата „Детски класици

Лето за безвременските приказни од едицијата „Детски класици

Летово е можност да се направи споредба на некои филмувани безвременски детски приказни. Најновата едиција „Детски класици“ на Арс Ламина ја нуди таа можност, во торбата за плажа покрај реквизитите за во вода да се најде и издание во кое ќе ужива и вашето дете. Од најновата едиција „Детски класици“,...
Latest entries
Препрочитувам книги, но и стрипови

Препрочитувам книги, но и стрипови

Моја библиотека: Наташа Поплавска Режисерката Наташа Поплавска ја разбранува домашната театарска сцена со нејзината последна премиера, бројдвејскиот мјузикл „Чикаго“ во МНТ, иако за неа последниот период е особено продуктивен. Едно по друго ги потпиша претставите „Буре Барут“ во Прилепскиот театар, „Лисистрата“ во театар „Комедија“ и „Црнината ѝ прилега на Електра“ во МНТ. Но, за книгите секогаш...
11 прекрасни пријателства помеѓу автори на класици

11 прекрасни пријателства помеѓу автори на класици

Големите писатели се стремат да бидат на врвот во своето поле, така што книжевноста знае да биде заедница во која се колат грла. Тешко е да се замисли да сакате да се дружите со директниот ривал и, навистина, многумина автори се имаат меѓусебно замерено или јавно го имаат напаѓано трудот на другиот. Но, ова не...
Тивкиот глас на аутизмот низ зборовите на едно дете

Тивкиот глас на аутизмот низ зборовите на едно дете

Делото „Зошто сакам да скокам“ – вистинска лична приказна за тринаесетгодишно момче со аутизам, претставува еден вид на мемоар во кој што Наоки Хигашида ни демонстрира како аутистичниот ум размислува, чувствува, гледа и реагира на начин кој само неколку од нас можат да си замислат. Родители и членови на семејството кои никогаш не мислеа дека можат...
Лубиево без цензура

Лубиево без цензура

Ново од Арс Либрис во едицијата Прошетка низ Европа: Лубиево од Михал Витковски – една од најгласните книги на новата генерација полски писатели. Најпрвин општествен скандал, потоа сензација, за да биде сега речиси култна книга за која е напишано премногу и е анализирана на сите можни начини. Патриција и Лукреција се дел од старата полска...
Интерес за детската литература на „Арс Ламина публикации“  на Саемот на книгата во Париз

Интерес за детската литература на „Арс Ламина публикации“ на Саемот на книгата во Париз

Здружените издавачки куќи „ТРИ“, „Арс Ламина“ и „Култура“ во улога на комесари за прв пат ја претставија македонската издавачка дејност на саемот на книгата во Париз (Salon du livre) кој што се одржа во експо-центарот „Порт де Версај“ во организација на Националниот центар за книга (CNL). На саемот се собира околу 1.200 издавачки куќи од 50...
33 идеи како да ги натерате децата да го засакаат читањето (3)

33 идеи како да ги натерате децата да го засакаат читањето (3)

Загрижени за иднината на своите деца, денешните родители се обидуваат да развиваат различни вештини кај своите деца, меѓу кои и љубовта кон книжевноста. Понекогаш се чини 30 минути читање е идеалната дневна доза, но понекогаш таа е и покуса, но и подолга. Ова е третиот и последен дел од 33 совети како да ги натерате децата...
Наскоро: Последната книга од трилогијата „Делириум“

Наскоро: Последната книга од трилогијата „Делириум“

Наскоро на literatura.mk: „Реквием“ од Лорен Оливер – последната книга од трилогијата „Делириум“. Ова возбудливо финале на трилогијата „Делириум“, што се најде на листата на најпродавани книги според „Њујорк тајмс“, е спој на акција и романса, полна со опасности, внатрешни дилеми и забранета љубов. Сместена во дистописките Соединети Американски Држави, приказната продолжува од моментот кога повторно се...
Избрани победниците на конкурсот за дизајн „Прошетка низ Европа“

Избрани победниците на конкурсот за дизајн „Прошетка низ Европа“

Петте романи од едицијата „Прошетка низ Европа“ добија свои дизајнери на „Конкурсот за дизајн на корица“, кои ликовно-графички ќе го обликуваат кориците на овие романи. Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ избра пет наградувани литературни дела со Наградата за литература на Европската унија (European Union Prize for Literature) од различни европски автори и ја создаде едицијата...
Македонската книжевност претставена на Саемот во Париз

Македонската книжевност претставена на Саемот во Париз

Од огромно значење е што Македонија првпат се претставува на Меѓународниот саем на книгата во Париз. Ова синоќа го заклучија учесниците на трибината „Македонија како книжевна и духовна дестинација на Европа“, што се одржа во рамки на саемот. Модератор на трибината беше Јордан Плевнеш, а учествуваа и авторите Луан Старова, Владимир Мартиновски и професорот на...
33 идеи како да ги натерате децата да го засакаат читањето (2)

33 идеи како да ги натерате децата да го засакаат читањето (2)

Загрижени за иднината на своите деца, денешните родители се обидуваат да развиваат различни вештини кај своите деца, меѓу кои и љубовта кон книжевноста. Понекогаш се чини 30 минути читање е идеалната дневна доза, но понекогаш таа е и покуса, но и подолга. Деновиве ќе следуваат 33 совети како да ги натерате децата и бебињата да го...
Македонската книжевност ќе биде претставена на Саемот на книгата во Париз

Македонската книжевност ќе биде претставена на Саемот на книгата во Париз

На штанд со над 400 наслови од македонската книжевна продукција, Македонија првпат официјално ќе учествува на еден од најголемите европски саеми на книгата, Саемот во Париз, што се случува оваа недела, од 17 до 20 март. Комесари на македонското претставување во Париз се здружените издавачки куќи „ТРИ“, „Арс Ламина“ и „Култура“. На Саемот во Париз ќе бидат...
Извадок: „Вторнични жени“ од Моника Пец

Извадок: „Вторнични жени“ од Моника Пец

Не си го замислуваа тоа баш така. Неколку голи карпи, кои припаѓаа на клапскиот венец, една осамена улица, една напуштена автобуска станица. Пет запрепастени лица гледаа во француското утро. Вторничните жени пристигнаа на почетната точка од нивното патување. Јудит инсистираше да се тргне од близината на Нарбон Плаж, од таму каде што Арне ја беше...