2014-тата година за нас беше без сомнение година на многу нови и успешни приказни. Од почетокот на годината, па до овој момент издадовме преку 400 нови наслови, како од областа на белетристиката, така и од стручната литература.
Во Мртви души, Гогољ пишува дека постојат некои мали нешта што се чинат мали само кога ќе станат дел од книжевно дело; вон него – изгледаат небаре се најважни на светот. И буквално и симболично, Времето на жените на Елена Чижова како да го тврди спротивното: постојат некои мали (намерно и немарно нарекувани) женски нешта – лупењето кромид,...
„Извини Ландолфи, ќе сакаш ли да ми објасниш што всушност се случи минатата вечер?“ Агентот Марко Ландолфи, шеф на патролата „Монфорте бис“, сè уште е преморен. Во очите е како претепан. Премногу ноќни смени. Како и да е, се гледа од него дека нешто друго го јаде. Нешто што се случило вечерта на 27 мај....
Подарок за Нова година за саканиот, саканата, мама и тато, баба и дедо, дада и бато :)… Многу подароци, многу дилеми. Но кога е книга во прашање, најчесто нема утка. Новогодишните попусти на Литература.мк се во тек! Одберете книга за подарок за најмилите или за себе :).
Моја библиотека: Зорица Црношија Зорица Црношија ја знаеме најмногу од ТВ, како водителка на повеќе емисии, а инаку е вработена во ПР секторот на маркетинг агенцијата Публицис.
Пред некое време на фејсбук и на твитер напишавме: имаме блог! Тоа беше пред само неколку месеци, поточно на средината на септември. На крајот на годината, покрај сите други убави работи, можеме да напишеме и – имаме награда! Blog.literatura.mk го освои третото место во категоријата најдобар блог на манифестацијата сајт на годината 2014, вест што...
Едно утро во 2004 г., само што наполнив петнаесет години, директорот на училиштето им се обрати на сите ученици собрани во дворот: „Водачот ќе ни направи голема чест и ќе нè посети денес. Ова е голема радост за целото училиште. Така, од вас очекувам да дојдете навреме, да бидете дисциплинирани и да се однесувате беспрекорно....
Гудридс интервју со Стивен Кинг по повод неговиот најнов роман „Оживување“ Последниот роман на Стивен Кинг „Оживување“ (Revival), го обележува враќањето на екстремно натприродниот хорор со кој се прослави авторот на повеќе од 50-те глобални бестселери- вклучувајќи ги и „Сјаење“ (The Shining), „Гробишта за домашни миленици“ (Pet Sematary) и Тоа (It).
Книгата, или поточно прирачникот „Бебе – упатство за употреба“е наменет за татковците-почетници – да ги поучи, насмее и да им се обрати на јазикот кој тие го разбираат, со типични „машки“ паралели и термини. Од неговото деби во 2003 година па сè до денес, овој прирачник е преведен на повеќе од 25 јазици и продадени...
Моја библиотека: Румена Бужаровска Писателка, професорка, борец за човекови (и женски права), девојка од „град“ и умница уште од многу мала :). Неколку зборови што само донекаде се трудат да ја доловат Румена Бужаровска, која деновиве ја промовираше својата трета збирка раскази „Мојот маж“ (едно многу фино заокружување на „Чкртки“ и „Осмица“).
„Харемот на Гадафи“ – дел од нова едиција на Литература.мк Од петок, 14 ноември, Литература.мк и Вест ќе ја престават новата едиција со наслов „Женски исповеди – Тајниот живот на лидерите“, достапна ексклузивно со Вест, со доплата од само 200 денари во продажните места на МПМ.
Моја библиотека: Срѓан Јаниќијевиќ Режисер, сценарист, актер, музичар, уметник, Ди-Џеј… најверојатно има уште многу работи со кои се занимава, а не се на оваа листа. Покрај тоа, за Срѓан Јаниќијевиќ можеме слободно да кажеме дека е еден од малкуте ликови што биле директно инволвирани во создавањето на урбаната култура во Скопје.