13 најчитани книги на литература.мк

13 најчитани книги на литература.мк

Ова се најчитаните книги за ова лето според корисниците на литература.мк Нултиот број – Умберто Еко Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство...
150 години од раѓањето на Беатрикс Потер

150 години од раѓањето на Беатрикс Потер

Во 2016 година се обележува 150-годишнината од раѓањето на Беатрикс Потер, една од најсаканите авторки за деца во светот, која го одземаше нашето внимание повеќе од сто години со нејзините прекрасно илустрирани приказни! Неверојатниот живот на Беатрикс Потер го прославуваме преку изданија на македонски јазик од нејзините приказни како дел...
Буенос Аирес – светската престолнина на книжарниците

Буенос Аирес – светската престолнина на книжарниците

Со 734 книжарници, Буенос Аирес има повеќе книжарници по човек од кој било друг град во светот, со што стекнува углед на метропола посветена на книжевноста. Буенос Аирес, престолнината на Аргентина, е сведок на многу политички настани, превирања, масовни имиграциски бранови кон крајот на 19 и почетокот на 20 век,...
На приказните им треба приказна

На приказните им треба приказна

Истрајна, посветена и издржлива, карактеристики што ѝ овозможија пред повеќе од десет години да ги отвори патиштата на односите со јавност, но и да ги реализира идеите на „Браво сине“ – движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ. Правната литература ја замени со комуникациската зад која не заостануваат класиците и...
Лето за безвременските приказни од едицијата „Детски класици

Лето за безвременските приказни од едицијата „Детски класици

Летово е можност да се направи споредба на некои филмувани безвременски детски приказни. Најновата едиција „Детски класици“ на Арс Ламина ја нуди таа можност, во торбата за плажа покрај реквизитите за во вода да се најде и издание во кое ќе ужива и вашето дете. Од најновата едиција „Детски класици“,...
Latest entries
„Уличниот мачор Боб“ ќе добие филмска адаптација

„Уличниот мачор Боб“ ќе добие филмска адаптација

Бестселер автобиографијата за бездомниот уличен пејач Џејмс Бовен, во која тој раскажува за своето опоравување од зависноста со помош од еден напуштен мачор, ќе добие филмска адаптација. Тоа беше приказна со мошне скромен почеток, приказна за патот до опоравувањето на еден човек од бездомништвото и зависноста со еден напуштен мачор за пријател до себе. Сега,...
Извадок: „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут

Извадок: „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут

Имаше две нешта во животот што можеа да ме извадат од памет. Едната беше да се разбудам среде ноќ и пред себе да видам дух внесен со своето проѕирно лице кон моето. Не е баш многу веројатно да се случи, а сепак прилично бизарно да се помисли. Втората работа беше да задоцнам и да треба...
„Арс Либрис“ и „Либи“ на саемот на книгата, Кочани 2015

„Арс Либрис“ и „Либи“ на саемот на книгата, Кочани 2015

Во рамките на одбележувањето на месецот на книгата, Јавната општинска установа библиотека „Искра“ – Кочани го организира традиционалниот есенски продажен „10. Саем на книгата – Кочани 2015“, како понуда на најнови наслови на книги од повеќе издавачки куќи до љубителите на пишуваниот збор во општината Кочани. Издавачката куќа „Арс Ламина“, со своите импринти „Арс Либрис“...
Ново од Арс Либрис: Најчитаната љубовна романса „Те чекам“

Ново од Арс Либрис: Најчитаната љубовна романса „Те чекам“

За некои работи вреди да се бориш… Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така. Наеднаш, Камерон е насекаде околу...
Награда од 200.000 денари за најдобри илустрации на четири „Бајки од Македонија“

Награда од 200.000 денари за најдобри илустрации на четири „Бајки од Македонија“

Почнува новиот конкурс за млади дизајнери-илустратори на Движењето „Браво сине“ во соработка со Арс Ламина По минатогодишниот успешен проект „Слатко со идентитет“ за визуелно брендирање на слатко произведено во Македонија, при што победници на конкурсот беа двајца дотогаш неафирмирани млади креативци, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ во соработка со Арс...
Ново од Либи: серијал книги „Пчеличката Маја“

Ново од Либи: серијал книги „Пчеличката Маја“

За најмалите читатели – супер изненадување од Либи: серијал книги „Пчеличката Маја“! Маја е весела малечка пчела која многу ја сака слободата и затоа живее во ливадата. Маја често влегува во возбудливи авантури заедно со нејзиниот најдобар другар Вили. Ах, Вили! Тој е многу мрзлив и обожува храна! Но, тој е најдобриот пријател на светот.
Дваесет нешта што (веројатно) не сте ги знаеле за Стивен Кинг

Дваесет нешта што (веројатно) не сте ги знаеле за Стивен Кинг

  Ајде да си играме асоцијација со зборови. Добро, почнуваме: писатели на хорори… Е, сега, доколку првиот автор кој ви доаѓа на ум не е Стивен Кинг, тогаш или а) вие сте многу попривлечни и поначитани од нас, или б) лажете. Стивен Кинг е како биг-мек кај писателите (ова се негови зборови, а не наши)....
Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ и „Арс Ламина“ ќе го реализираат проектот „Бајки од Македонија“

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ и „Арс Ламина“ ќе го реализираат проектот „Бајки од Македонија“

Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ ќе даде стручен придонес во изборот на бајките од македонската народна традиција Скопје, 2 јули 2015 година – Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде партнер на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, во реализација на проектот „Бајки од Македонија“. Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе содржи илустрирани...
Арс Либрис дел од фестивалот Skopje Cinema City

Арс Либрис дел од фестивалот Skopje Cinema City

Фестивалот на музички документирани филмови – Skopje Cinema City се организира прв пат оваа година под мотото „Филмови, музика и вино“, како дел од манифестацијата „Скопско лето 2015“ во соработка со Дирекцијата за култура и уметност – Скопје. Во текот на петте фестивалски денови, од 1-5 јули 2015, во просторот на Сули Ан (Факултетот за ликовни...
Зошто треба да почнеме повторно да читаме хартиени книги

Зошто треба да почнеме повторно да читаме хартиени книги

Мислење Читањето на обични книги доаѓа со голем број на здравствени придобивки што ги нема кај електронските книги Читањето само по себе има огрoмен број придобивки за нашиот ум: Истражувањата покажуваат дека читањето во текот на животот (или дури и доколку почнете да читате редовно во вашите 60-ти или 70-ти) може да спречи ментални проблеми....
Филмови на големото срце

Филмови на големото срце

Либи и Литература.мк дел од „Тинтири Минтири Филм Фест“ Под мотото „Филмови на големото срце“ ќе се одржи првото издание на меѓународниот филмски фестивал за деца „Тинтири Минтири Филм Фест“, во периодот од 5-ти до 7-ми јуни 2015 година во Кинотека на Македонија, а во организација на ДКЦ Тинтири Минтири, Аурипигмент продукција и Кинотека на...
Конкурс за краток хумористичен расказ

Конкурс за краток хумористичен расказ

Издавачката куќа Арс Ламина публикации распишува конкурс за најдобар краток хумористичен расказ на македонски јазик. Делата што комисијата ќе ги оцени за најквалитетни, ќе бидат објавени во антологија на крајот на оваа година, а авторот на најдобриот расказ ќе добие награда – таблет. Целта на конкурсот е да се отвори една нова и досега малку истражена сфера на...