Македонската книжевност ќе биде претставена на Саемот на книгата во Париз
На штанд со над 400 наслови од македонската книжевна продукција, Македонија првпат официјално ќе учествува на еден од најголемите европски саеми на книгата, Саемот во Париз, што се случува оваа недела, од 17 до 20 март. Комесари на македонското претставување во Париз се здружените издавачки куќи „ТРИ“, „Арс Ламина“ и „Култура“. На Саемот во Париз ќе бидат...
Харпер Ли, книжевна ѕвезда по една книга (1926-2016)
Неодамна починатата Харпер Ли, чијшто прв роман, „Да се убие птицата подбивница“, за расната неправда во едно гратче во Алабама, се распродаде во повеќе од 40 милиони копии и стана едно од најсаканите и најпродавани дела што некогаш биле напишани од Американец, историјата ќе ја запише како книжевна ѕвезда по една книга. Почина на 89...
Наскоро во едицијата Лауреати: „Сета светлина што не можеме да ја видиме”
Наскоро на литература.мк во едицијата Лауреати – Сета светлина што не можеме да ја видиме од Ентони Дор Сета светлина што не можеме да ја видиме на Ентони Дор е една од оние ретки книги за кои публиката и критиката се едногласни: неколкумесечен бестселер, роман обожаван од читателите и роман што се закитува и со најпрестижната американска...
Автобиографијата на Бенџамин Френклин
Малкумина се оние чијшто животен пат може да се спореди со оној на Бенџамин Френклин. Тој е речиси самоук, а прераснува, меѓу другото, во политичар, писател, изумител, печатар, научник и, конечно, во еден од најуспешните дипломати во американската историја. Остава голем авторски влог во Декларацијата на независноста, а подоцна учествува во мировните преговори со Велика...
Цариград 1453: Крајот на Византија
Пишувана на разбирлив, а сепак научен стил, од страна на поранешен новинар на Би-би-си и богата со мноштво внимателно и минуциозно илустрирани детали од нејзината приказна, Цариград 1453 ја разгледува подробно четиримесечната опсада на последното прибежиште на некогаш моќното Римско, а подоцна и Византиско царство. Од една страна е Мехмед „Освојувачот“ кој стои на чело...
Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Прошетка низ Европа“
Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ ги поканува креативните студенти да достават предлог-дизајн корици за пет романи од едицијата „Прошетка низ Европа“. Оваа едиција вклучува романи на современи европски автори и има цел да го одведе читателот на книжевно патешествие низ различните културни предели на Европа. Издавањето на едицијата претставува дел од проектот „Креативна Европа“, поддржан...
Катерина Николовска ќе ja илустрира едицијата „Бајки од Македонија“
Младата илустраторка Николовска e добитник на паричната награда од 200.000 денари, што ја доделува Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе биде издадена во мај годинава, кога ќе може да се најде и во продажба Креативното решение на Катерина Николовска за илустрација на едицијата „Бајки од Македонија“...
Среќен роденден „Фејсбук“
Во писмото што пред 12 години Марк Закерберг го праќа до инвеститорите, тој ги запознава со идејата за „Фејсбук“, не само да стане компанија туку и да ја оствари својата социјална мисија – да го направи светот поотворен и поврзан. По 12 години тој и неговиот тим остануваат доследни на мисијата, но создадоа и многу...
Книга што би можела да ви го спаси животот
Кога на својата триесет и прва година, при еден МРТ-преглед од страна на неговите двајца најблиски соработници, францускиот невро-истражувач Давид Сербан-Шрајбер ќе открие дека има рак на мозокот, веројатно и самиот нема да може да претпостави дека деценија и пол подоцна, на страниците на својата книга Антиканцер: Нов начин на живот, токму овој миг ќе...
Само две нешта се подобри од доброто вино: љубовта и книгите
Се ближи празникот на виното и љубовта, што е причина повеќе да им посветите посебно внимание на вашите најблиски. Изненадете ги со подарок книга полна љубов, а ние ќе ви помогнеме во изборот: „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито – кратка љубовна приказна за Св. Валентин „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут – еден од најчитаните љубовни романи...
Роман за модерните момчиња и девојчиња
„4 пријатели онлајн!“ е најновиот роман во издание на нашиот најсакан детски бренд Либи, наменет за модерните момчиња и девојчиња над 9 години. Еуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко… Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на...
„Ту“ од Патриша Грејс, лауреат на престижната награда Нојштад
Ту е горд на своето име – морски бог на војната. Но спомените на еден војник се различни: и неговите најсреќни мигови пливаат во некое минато и далечно море од крв и куршуми. Неговото е судбината на морскиот баталјон во Италија: тројца членови на исто семејство заминуваат да се борат по ридовите и рамниците на...



