Најнови изданија
„Исповеди“ од Колин Хувер, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса

„Исповеди“ од Колин Хувер, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса

Ново на литература.мк: Исповеди од Колин Хувер – роман, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса. Од број еден бестселинг-авторката на „Њујорк тајмс“ Колин Хувер излезе нов роман за ризикување сè заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу вистината и лагите. „Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена...
Ново во едицијата „Лауреати“: „Месечарска земја“ од Миа Коуто

Ново во едицијата „Лауреати“: „Месечарска земја“ од Миа Коуто

Ново на literatura.mk во едицијата „Лауреати“ – романот „Месечарска земја“, прогласен за една од дванаесетте најдобри африкански книги на XX век. Стилски во дослух со најдобрите навики на латиноамериканскиот магичен реализам, опусот на Миа Коуто го одразува и влијанието на гигантите на бразилскиот книжевен XX век, Жоао Гимараинш Роса и Жоржи Амадо. Црпејќи од регионалниот мозамбички вокабулар, Коуто...
Маркес, за оние кои обожаваат да читаат современи класици

Маркес, за оние кои обожаваат да читаат современи класици

Ново од „Арс Либрис“ во едицијата Современи класици: Четири наслови од еден од најзначајните прозаисти на XX век, добитник на Нобеловата награда за книжевност, Габриел Гарсија Маркес, кој е еден од ретките критички уважени автори лесно пристапни и за обичниот читател. Љубов во време на колера Длабоката младешка љубов на Флорентино Ариса и Фермина Даса...
Нултиот број на Умберто Еко

Нултиот број на Умберто Еко

„Нултиот број“, последниот роман на Умберто Еко, сега достапен и на македонски јазик. Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство и моќ. Приказната, поставена во 1992 година, се...
Лубиево без цензура

Лубиево без цензура

Ново од Арс Либрис во едицијата Прошетка низ Европа: Лубиево од Михал Витковски – една од најгласните книги на новата генерација полски писатели. Најпрвин општествен скандал, потоа сензација, за да биде сега речиси култна книга за која е напишано премногу и е анализирана на сите можни начини. Патриција и Лукреција се дел од старата полска...
Автобиографијата на Бенџамин Френклин

Автобиографијата на Бенџамин Френклин

Малкумина се оние чијшто животен пат може да се спореди со оној на Бенџамин Френклин. Тој е речиси самоук, а прераснува, меѓу другото, во политичар, писател, изумител, печатар, научник и, конечно, во еден од најуспешните дипломати во американската историја. Остава голем авторски влог во Декларацијата на независноста, а подоцна учествува во мировните преговори со Велика...
Цариград 1453: Крајот на Византија

Цариград 1453: Крајот на Византија

Пишувана на разбирлив, а сепак научен стил, од страна на поранешен новинар на Би-би-си и богата со мноштво внимателно и минуциозно илустрирани детали од нејзината приказна, Цариград 1453 ја разгледува подробно четиримесечната опсада на последното прибежиште на некогаш моќното Римско, а подоцна и Византиско царство. Од една страна е Мехмед „Освојувачот“ кој стои на чело...
Роман за модерните момчиња и девојчиња

Роман за модерните момчиња и девојчиња

„4 пријатели онлајн!“ е најновиот роман во издание на нашиот најсакан детски бренд Либи, наменет за модерните момчиња и девојчиња над 9 години. Еуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко… Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на...
„Ту“ од Патриша Грејс, лауреат на престижната награда Нојштад

„Ту“ од Патриша Грејс, лауреат на престижната награда Нојштад

Ту е горд на своето име – морски бог на војната. Но спомените на еден војник се различни: и неговите најсреќни мигови пливаат во некое минато и далечно море од крв и куршуми. Неговото е судбината на морскиот баталјон во Италија: тројца членови на исто семејство заминуваат да се борат по ридовите и рамниците на...
„Книга за телото“ од Камерон Дијаз

„Книга за телото“ од Камерон Дијаз

Во „Книга за телото“, број еден бестселер на Њујорк Тајмс, Камерон Дијаз ја споделува сопствената формула како да се биде поздрава, посилна и посреќна личност. Ги презентира пристапот и филозофијата за долг, здрав и среќен живот, поддржани од многубројни научни истражувања на светските експерти, а пренесени на нејзин личен јазик, стил и страст. Актерката служи...
Ново од Арс Либрис: Најчитаната љубовна романса „Те чекам“

Ново од Арс Либрис: Најчитаната љубовна романса „Те чекам“

За некои работи вреди да се бориш… Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така. Наеднаш, Камерон е насекаде околу...
Најново на листата на бестселери: „Доктор Сон“ на Стивен Кинг

Најново на листата на бестселери: „Доктор Сон“ на Стивен Кинг

„Доктор Сон“ – долгоочекуваното продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“ Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните...