13 најчитани книги на литература.мк
Ова се најчитаните книги за ова лето според корисниците на литература.мк Нултиот број – Умберто Еко Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство и моќ. Момчето милијардер: Марк...
150 години од раѓањето на Беатрикс Потер
Во 2016 година се обележува 150-годишнината од раѓањето на Беатрикс Потер, една од најсаканите авторки за деца во светот, која го одземаше нашето внимание повеќе од сто години со нејзините прекрасно илустрирани приказни! Неверојатниот живот на Беатрикс Потер го прославуваме преку изданија на македонски јазик од нејзините приказни како дел од едицијата „Илустрирани детски класици“...
Подготви се за летото!
За вљубениците во книгата од денеска до 25 јули најпопуларните наслови на Арс Либрис на 30% попуст и во комплети со намалена цена само на literatura.mk! Побрзајте за да го најдете последниот реквизит потребен за убав одмор ова лето!
„Исповеди“ од Колин Хувер, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса
Ново на литература.мк: Исповеди од Колин Хувер – роман, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса. Од број еден бестселинг-авторката на „Њујорк тајмс“ Колин Хувер излезе нов роман за ризикување сè заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу вистината и лагите. „Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена...
Дружење и читање на „Бајки од Македонија“ во рамки на летниот саем на книга во City Mall
Денеска со почеток од 18 часот, во рамки на летниот саем на книгата во трговскиот центар „Сити Мол“, издавачката куќа Арс Ламина организира дружење и читање на македонски волшебни приказни од едицијата „Бајки од Македонија“ со актерката Сања Арсовска од Драмски театар Скопје, позната и како Лина од 5+ бенд. Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири македонски волшебни...
„Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк во „Сити мол“ на Саемот на книга
Бестселери, ѕвезди на светската книжевност, детската литература и многу други наслови од различните едиции на „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк од утре, 15 јуни, па до 21 јуни на попуст до 70% на летниот саем на книга, што ќе се одржи во на приземјето во трговскиот центар „Сити мол“. Вашиот истанчен вкус за книга и...
Македонска книжевност на секој дел од светот
Обединети околу дефинираните долгорочни цели, како подигнување на културата за читање книга, заедничка битка за правата на издавачите и промоција на домашната издавачка продукција во светот, издавачите ја формираа Македонска асоцијација на издавачи – МАИ, што на Саемот на книгата во Париз го имаше својот прв професионален предизвик. Во пресрет на следните активности, разговаравме со...
Арс Ламина и Скопје ЗОО организираат „ЗОО викенд со Маја“
Овој викенд, во сабота и во недела, со почеток од 11 и од 12 часот, Арс Ламина, во соработка со скопската зоолошка градина, организира серија работилници на тема „Пчеличката Маја и пријателите: Неверојатни факти за пчелите, бубачките и природата“. Во рамки на работилниците децата низ игра и забава ќе имаат можност да се запознаат со...
Лето со книга на „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк
Најпопуларните наслови на „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк од денес, па до четврти јуни на попуст до 70% на летниот саем на книга, што ќе се одржи во Трговскиот центар „Рамстор“. За вљубениците во книгата следуваат подароци и изненадувања. Ве очекуваме на штандовите на литература.мк, за да го најдете последниот реквизит потребен за убав одмор. Инаку,...
МАИ и „Рамстор“ со летен саем на книгата
Во пресрет на летните одмори Македонската асоцијација на издавачи – МАИ и Трговскиот центар „Рамстор“ првпат заеднички организираат летен саем на книгата. Саемот се одржува во „Рамстор мол“ од 31.05 до 04.06.2016 година, а ќе бидат презентирани најновите изданија на книгоиздателствата- членови на Македонската асоцијација на издавачи. Во текот на целата саемска недела издавачите обезбедија...
Ново во едицијата „Лауреати“: „Месечарска земја“ од Миа Коуто
Ново на literatura.mk во едицијата „Лауреати“ – романот „Месечарска земја“, прогласен за една од дванаесетте најдобри африкански книги на XX век. Стилски во дослух со најдобрите навики на латиноамериканскиот магичен реализам, опусот на Миа Коуто го одразува и влијанието на гигантите на бразилскиот книжевен XX век, Жоао Гимараинш Роса и Жоржи Амадо. Црпејќи од регионалниот мозамбички вокабулар, Коуто...
„Современост“ – симбол за македонската книжевност
Најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“ со промоцијата на јубилејниот број на списанието, одбележa 65 години од постоење. Во чест на јубилејот во НУБ „Климент Охридски“ е поставена ретроспективна изложба што го прикажува развојот на списанието низ годините, што непрекинато излегува од 1951 година и на своите страници ја создавало историјата на...



