Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури!

Со овие најнови апсолутно пресмешни сликовници во издание на Либи, не само што читаме приказна, туку и решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме своја приказна!

dinadodo1

Секоја од приказните може да има различен крај! Како? Останува на нашите мили мали палавковци (оние слични на Дина и Додо) самите да го раскажат!

А потоа? Потоа испратете ја приказната на dinaidodo@arslamina.com и можете да добиете подарок-книга. 🙂

dinadodo3

 

dinadodo2

 

dinadodo5

 

dinadodo4