Книжевни факти: Гордост и предрасуди
Гордост и предрасуди беше оригинално насловена Први впечатоци. Но, кога романот беше првично одбиен од издавачите, Џејн Остин направи значителни измени, вклучувајќи ја и промената на насловот. Преработката беше направена помеѓу 1811 и 1812 година.
Извадок: „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито
„Ми треба маж. Веднаш.“ Виви Максвел го крена погледот над компјутерот за ноншалантно да ја изгледа жената којашто стоеше пред нејзиниот дел од рецепцијата. Говорителката ја беше начнала четириесетката, одлично се држеше за возраста, носеше прилепена блуза во крем-боја и темносиви панталони. Виви беше видела сличен комплет во продавницата Мајкл Корс што се продаваше за...
Книгите како прозорец кон светот
Моја библиотека: Рисима Рисимкин Уметноста е нејзиниот живот, а танцот нејзиниот идентитет. Љубовта, насмевката и книгата се основниот патоказ за сè и затоа вели дека нема потреба од грижи, само поглед напред. Рисима Рисимкин, кореограф, за чие име и светот знае. Дали има книга што си ја препрочитала повеќе од трипати? Има повеќе такви книги....
Необични книги: Семејниот готвач на Лав Толстој од Сергеј Белтуков
Замислена како шеговит подарок на братот кон саканата сестра, инаку сопруга на Лав Толстој, книгата „Семејниот готвач на Лав Толстој“ преку колекција на рецепти ни овозможува да ѕирнеме во семејниот живот на авторот на „Ана Каренина“, „Војна и мир“ и други ремек-дела. Ова не е критички есеј, ниту, пак, уште една биографија. Оваа книга е...
Катерина Николовска ќе ja илустрира едицијата „Бајки од Македонија“
Младата илустраторка Николовска e добитник на паричната награда од 200.000 денари, што ја доделува Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе биде издадена во мај годинава, кога ќе може да се најде и во продажба Креативното решение на Катерина Николовска за илустрација на едицијата „Бајки од Македонија“...
Среќен роденден „Фејсбук“
Во писмото што пред 12 години Марк Закерберг го праќа до инвеститорите, тој ги запознава со идејата за „Фејсбук“, не само да стане компанија туку и да ја оствари својата социјална мисија – да го направи светот поотворен и поврзан. По 12 години тој и неговиот тим остануваат доследни на мисијата, но создадоа и многу...
Книга што би можела да ви го спаси животот
Кога на својата триесет и прва година, при еден МРТ-преглед од страна на неговите двајца најблиски соработници, францускиот невро-истражувач Давид Сербан-Шрајбер ќе открие дека има рак на мозокот, веројатно и самиот нема да може да претпостави дека деценија и пол подоцна, на страниците на својата книга Антиканцер: Нов начин на живот, токму овој миг ќе...
Само две нешта се подобри од доброто вино: љубовта и книгите
Се ближи празникот на виното и љубовта, што е причина повеќе да им посветите посебно внимание на вашите најблиски. Изненадете ги со подарок книга полна љубов, а ние ќе ви помогнеме во изборот: „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито – кратка љубовна приказна за Св. Валентин „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут – еден од најчитаните љубовни романи...
Извадок: „Пандемониум“ од Лорен Оливер
На почекот има оган. Оган во нозете и во дробовите; оган ги разјадува секоја жиличка и секоја клетка од моето тело. Токму така повторно се родив, во болка: Се кревам од задушувачките пламен и од темнината. Присилно се туркам во влажна темнина на чудни звуци и мириси. Трчам, па кога ќе се заморам малку кривам,...



